Молдавија пред безбедносна криза: Русија го прекина гасот за Приднестровје
- - Русија ја загрозува иднината на регионот што го поддржуваше три децении, обидувајќи се да ја дестабилизира Молдавија. Ова ја покажува неизбежната судбина на нејзините сојузници – предавство и изолација, изјави Речан.
Киншаса, 3 јануари 2025 (МИА) - Молдавија се соочува со безбедносна криза откако десетици илјади жители од сепаратистичкиот регион Приднестровје останаа без руски гас, изјави премиерот Дорин Речан.
Рускиот гасен тек преку Украина, кој ги снабдуваше Централна и Источна Европа, беше прекинат крајот на 2024 година.
Речан нагласи дека Молдавија ќе ги задоволи енергетските потреби преку домашно производство и увоз, но истакна дека Приднестровје претрпе сериозен удар, и покрај своите врски со Москва.
- Русија ја загрозува иднината на регионот што го поддржуваше три децении, обидувајќи се да ја дестабилизира Молдавија. Ова ја покажува неизбежната судбина на нејзините сојузници – предавство и изолација, изјави Речан.
Тој додаде дека кризата има за цел да ги врати прорусите на власт и да ја искористи Молдавија како оружје против Украина, со која споделува граница од 1200 километри.
Во Приднестровје, 1.500 висококатници и 72.000 приватни домови останаа без греење и гас, соопшија локалните власти. ссм/
фото: архива