• сабота, 22 февруари 2025

Серијата „Фрејжер“ откажана по двете нови сезони

Серијата „Фрејжер“ откажана по двете нови сезони

Лос Анџелес, 20 јануари 2025 (МИА) - Американската хумористична серија „Фрејжер“ (Frasier) ги одбележа 90-тите. Но, новите епизоди се показател дека „оживувањето“ стари серии понекогаш не се исплати, велат познавачи.

Имено, стрим-услугата „Парамаунт плус“ (Paramount Plus) одлучи да го откаже продолжението коешто почна во 2023 година - по само две нови сезони. Порталот „Дедлајн“ (Deadline) пишува дека не треба да се очекува продолжение на серијата на продукциската куќа „Си-би-ес студиос“ (CBS Studios) со Келси Грамер како Фрејжер Крејн што изворно се прикажуваше од 1993. до 2004 година. 

Следно, „Си-би-ес“ ќе бара решение за серијата и има намера да им ја понуди сагата на други платформи, и покрај лошите резултати досега.

Во новото продолжение, по смртта на неговиот татко Мартин и пропаста на врската со Шарлот, Фрејжер Крејн се враќа во Бостон во потрага по нова фаза од животот. Попатно се среќава со стари познаници, но и нови лица, на пр. - син му Фреди (Џек Катмор-Скот), но и Алан - одглумен од легендарниот Николас Линдхарст, кого обожавателите го помнат како Родни од „Сплетки“.

Занимливо е тоа што ниту Џејн Ливс како Дафни, ниту Дејвид Хајд Пирс како братот на Фрејжер - Најлс, не се вратија во главните улоги.

Фрејжер Крејн, јавноста првпат го запозна во серијата „Кафулето На здравје“ од 1980-тите. Поради огромната популарност на ликот, следното десетлетие докторот доби своја посебна ТВ-серија.

Многу светски критичари се согласуваат дека „Фрејжер“ успеа да ја засени сагата од којашто потекна. Ова делумно го покажуваат и големиот број награди за сите 11 сезони. Сè уште го држи рекордот за најнаградувана комедија - со 37 „Еми“ награди. Во 2016 година, оваа сага беше надмината, но во друга категорија - од серијата „Игра на тронови“ којашто има вкупно 38 златни „Еми“ статуетки. си/мс/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан