• недела, 11 јануари 2026

Седуммина загинати при руски напад врз Одеса

Седуммина загинати при руски напад врз Одеса

Киев, 20 декември 2025 (МИА) – Најмалку седум луѓе загинаа, а 15 се повредени во синоќешниот руски ракетен напад врз пристанишната инфраструктура во регионот Одеса, објави на Телеграм претседателот на воената администрација на Одеса, Олег Кипер.

Нападот бил извршен врз Пивдена, едно од трите пристаништа во областа Одеса.

Одеса е честа цел на руски напади откако Москва ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Интензитетот на нападите се зголеми изминатите денови, што често резултира со големи прекини во снабдувањето со електричната енергија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан