• петок, 05 декември 2025

Северна Македонија и Србија ја унапредуваат соработката, посебен акцент е ставен на инфраструктурното поврзување

Северна Македонија и Србија ја унапредуваат соработката, посебен акцент е ставен на инфраструктурното поврзување

Скопје, 3 декември 2025 (МИА) - Меморандумот за соработка меѓу владите на Северна Македонија и на Србија, што денеска беше потпишан во Скопје, е петгодишен и стапува во сила веднаш. 

Станува збор за Меморандум со кој ќе се унапреди комуникацијата меѓу институциите и приватниот сектор, ќе се координираат економските политики, а посебен акцент ќе биде ставен на инфраструктурното поврзување и соработката на проекти од заеднички интерес како што е модернизацијата на железничката и патната инфраструктура. 

Меморандумот го потпишаа заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и српската потпретседателка на Владата и министерка за економија Андријана Месаровиќ.

- Со денешното потпишување, Меморандумот кој веднаш стапува во сила и останува важечки пет години, ја потврдува јасната политичка волја и заедничката определба на двете влади за интензивирање на економската соработка и отворање нови можности за бизнис-заедниците, велат од Кабинетот на заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците.

Меморандумот беше потпишан непосредно пред одржувањето на денешниот македонско-српски бизнис форум што се одржува во Скопје. бак/вг/

Фото: Кабинет на вицепремиерот Иван Стоилковиќ

Остани поврзан