• вторник, 30 декември 2025

Се урна руски воен транспортен авион

Се урна руски воен транспортен авион

Москва, 9 декември 2025 (МИА) – Руски воен транспортен авион се урна во северниот регион Иваново, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во авионот имало седум лица, соопшти Министерството, иако нема потврда дали преживеале.

Дневниот весник Комерсант објави дека сите патници загинале.

Според извештаите, во тек е операција за пребарување и спасување во ненаселеното подрачје.

Авионот Антонов Ан-22 е развиен за време на советската ера во 1960-те. Според медиумските извештаи, ова бил последниот авион од овој тип што го користела руската војска. Ан-22 се користи за транспорт на голем воздушен товар, но и за падобрански операции.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека авионот се урнал за време на редовен лет по извршени поправки. јт/

Фото: ЕПА илустрација

Остани поврзан