Се ослободува тревникот до „Капитол мол“, се отстранува објектот што беше поставен на тревникот
- ревната површина до ТЦ „Капитол мол“ повторно ќе биде целосно отворена и вратена на користење на сите граѓани, информираат од Општина Аеродром.
Скопје, 14 ноември 2025 (МИА) - Тревната површина до ТЦ „Капитол мол“ повторно ќе биде целосно отворена и вратена на користење на сите граѓани, информираат од Општина Аеродром.
-Утринава започна отстранувањето на објектот кој со години беше поставен на тревникот покрај булеварот „Јане Сандански“. Овој објект функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град Скопје, но чија важност е истечена. Бидејќи објектот нема важечко одобрение, тој ќе биде целосно демонтиран и просторот конечно ќе се ослободи за користење, соопштии ја од Општина Аеродром.

По отстранувањето, се вели во соопштението, Општината ќе пристапи кон уредување на локацијата со современа урбана опрема, зелени површини и ново, модерно детско катче.вј/
Фото: Општина Аеродром