Се осветлува патеката на кејот на Козјачка Река во Карбинци
- Во завршна фаза е проектот за осветлување на кејот на Козјачка Река во Општина Карбинци, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот, Виктор Паунов. Станува збор за проект добиен од повикот од унгарскиот кредит, во износ од над два милиони денари. Проектот треба да биде завршен деновиве, а во наредниот период ќе започне и уредувањето на коритото на Козјачка Река.
Карбинци, 13 ноември 2025 (МИА) - Во завршна фаза е проектот за осветлување на кејот на Козјачка Река во Општина Карбинци, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот, Виктор Паунов. Станува збор за проект добиен од повикот од унгарскиот кредит, во износ од над два милиони денари. Проектот треба да биде завршен деновиве, а во наредниот период ќе започне и уредувањето на коритото на Козјачка Река.
-Се работи за осветлување на кејот на Козјачка Река, односно на патеката во село Карбинци. Ова е проект кој е поддржан од Владата, од вториот повик од унгарскиот кредит. Очекувам деновиве да биде комплетирано целото ова осветлување. Ова ќе значи дополнителни можности за рекреација покрај кејот. Набрзо ќе започне и чистењето на самото речно корито, изјави Паунов.
Тој додаде дека од вториот повик Општина Карбинци доби четири поректи за подобрување на условите во сите населени места. Од нив два се речиси целосно завршени, а останатите два се во завршна фаза.
-Од оној втор повик два проекти се речиси целосно завршени, а два се во завршна фаза. Се работи на улица во село Таринци, како и на каналот Герен во село Долни Балван, рече Паунов. вдј/вј/
Фото: МИА