Се одржа Камп за иновации во велешкото Државно средно училиште РЦСОО „Коле Неделковски“
- Во рамки на кампот се одржа натпревар на кој учениците во тимови развиваа бизнис - идеја по добиен предизвик.
Велес, 7 ноември 2025 (МИА) - Во организација на Junior Achievement Macedonia попознати како ЈАМ во Државното средно училиште РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес во изминатите два дена се одржа Камп за иновации. Во рамки на кампот се одржа натпревар на кој учениците во тимови развиваа бизнис - идеја по добиен предизвик.
Како што денеска за МИА, информира професорката од оваа училиште, Христина Трајкова, во текот на првиот ден, учениците активно работеле на развој на свои иновативни идеи, поттикнувајќи креативност, тимска соработка и претприемачки дух. Вториот ден имало презентации и избор на најдобрите решенија, а најдобрите биле наградени. Таа потенцира дека жирито имало тешка задача да ги избере најдобрите тимови меѓу многу креативни и инспиративни идеи.
Воедно по повеќегодишна успешна соработка помеѓу Junior Achievement Macedonia и ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од Велес, вчера по завршување на Кампот на иновации, директорката на Junior Achievement Macedonia, Љупка Панчевска и Горан Богоевски, директор на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“, потпишале Меморандум за соработка, за понатамошни активности и проекти. ад/
Фото: ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“