• сабота, 22 февруари 2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не ја штити и итно да ја разреши директорката на Козле

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не ја штити и итно да ја разреши директорката на Козле

Скопје, 31 јануари 2025

СДСМ бара итно разрешување на Каролина Симовска - директорка на Клиниката за респираторни заболувања кај децата - „Козле“.

Целото функционирање на единствениот Оддел за бронхоскопија во државата, кој се наоѓа на Клиниката во „Козле“, е доведено во прашање после 40 години поради Симовска а штетата и за децата и за вработените.

Последен е случајот со докторката Јосифова.  Со 27 годиишно искуство оваа врвна докторка дрско е избркана од работа и оставена на улица, само затоа што се борела за детски живот.

Посветена, искусна лекарка, која што загрижена за здравје на дете присуствувала при успешна лекарска интервенција Симовска ја брка.

Ова е мобинг од невидени размери и класична неправда озоможена од ДПМНЕ.

Па добро кој ќе ги лечи децата? Имате ли грам осет вие дека деца ќе нема кој да лечи? Или партијата ви е пред детските животи?

СДСМ за овие драматично лоши состојби како и за однесувањето на Симовска веќе алармираше но очигледно власта ја штити.

Врвни специјализирани доктори за бронхоскопија, водејќи се од морална и етичка свест, веќе си дадоа оставки поради скандалозното однесување на Симовска.

На клиниката има и проблеми со неопходни „баскет“ апарати и други материјали.  Своеволието на Симовска уништува многу животи а загрозува детски животи.

Здравјето на децата нема цена и нема партиска припадност. Симовска мора веднаш да биде разрешена.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан