• петок, 05 декември 2025

СВР Куманово: Не се регистрирани прекршувања, изборниот процес поминува мирно

СВР Куманово: Не се регистрирани прекршувања, изборниот процес поминува мирно

Куманово, 2 ноември 2025 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Куманово денеска информираше дека на подрачјето на секторот кој покрива шест општини од североистокот не се регистрирани прекршоци за нарушување на предизборниот молк и досега процесот поминува без нарушувања на јавниот ред и мир.

- Ве известуваме дека на подрачјето на СВР Куманово не се регистрирани прекршоци за нарушување на предизборниот молк и до сега изборниот процес поминува мирно без никакви нарушувања на јавниот ред и мир, соопштија од СВР Куманово.

Право на глас во најголемата општина денеска имаат 94.041 избирачи кои гласаат на 164 избирачки места. ам/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан