• петок, 05 декември 2025

Сара Вагенкнехт се повлекува од раководството на нејзината партија - BSW

Сара Вагенкнехт се повлекува од раководството на нејзината партија - BSW

Берлин, 10 ноември 2025 (МИА) - Поранешната политичарка на германската партија Левица и основач и актуелен претседател на левичарско-националистичката партија „Сојуз Сара Вагенкнехт“ (BSW), денеска на прес-конференција во Берлин го објави своето повлекување од раководството на партијата.

Според најавите, нејзин наследник на чело на BSW ќе биде пратеникот во Европскиот парламент, Фабио де Мази.

Меѓутоа, 56-годишната Вагенкнехт се очекува да го задржи влијанието во партијата бидејќи, според медиумските извештаи, треба да стане претседателка на Комисијата за основни вредности, која формално ќе биде утврдена во статутот на партијата на конгресот на BSW на почетокот на декември во Магдебург.

На истиот конгрес, и официјално ќе биде потврдена промената на името на партијата, па кратенката BSW во иднина ќе значи „Алијанса за социјална правда и економска разумност“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан