Санкционирани 147 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
- ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 27 јануари до 2 февруари 2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 147 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од Јавното претпријатие.

Скопје, 3 февруари 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 27 јануари до 2 февруари 2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 147 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од Јавното претпријатие.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, велат оттаму, неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. сст/дма/
фото ЈП ПОЦ