• недела, 11 јануари 2026

Сали со честитка за Божик: Нека овој свет ден биде повод за духовно размислување што ќе ја зацврсти општествената хармонија и соживотот 

Сали со честитка за Божик: Нека овој свет ден биде повод за духовно размислување што ќе ја зацврсти општествената хармонија и соживотот 

Скопје, 7 јануари 2026 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали упати честитка по повод големиот христијански празник Божик, со желби за мир, здравје и благосостојба.

Во честитката тој порачува овој свет ден да биде повод за духовно размислување и инспирација, кој ќе ја зацврсти општествената хармонија, соживотот и меѓусебното почитување меѓу граѓаните.

-Нека Божик донесе надеж, солидарност и благосостојба во Вашите семејства, како и стабилност и напредок во институционалниот и општествениот живот, придонесувајќи за изградба на поправедно, пообединето и поодржливо општество за сите, вели Сали во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил. фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан