• вторник, 30 декември 2025

Руската противвоздушна одбрана уништила 77 украински дронови во текот на ноќта

Руската противвоздушна одбрана уништила 77 украински дронови во текот на ноќта

Москва, 7 декември 2025 (МИА) – Противвоздушната одбрана (ПВО) собори 77 украински дронови над руските региони во текот на изминатата ноќ, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

- Во текот на изминатата ноќ, дежурните системи на противвоздушната одбрана пресретнаа и уништија 77 украински беспилотни летала, се вели во соопштението.

Во текстот се наведува дека во регионот Саратов биле уништени 42 украински дронови, а уште 12 биле уништени во Ростовската област. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан