Русија ја продолжи забраната за извоз на бензин
- Руската Влада одлучи да ја продолжи забраната за извоз на бензин до 28 февруари, соопшти кабинетот на потпретседателот на владата, Александар Новак.

Москва, 31 јануари 2025 (МИА) - Руската Влада одлучи да ја продолжи забраната за извоз на бензин до 28 февруари, соопшти кабинетот на потпретседателот на владата, Александар Новак.
Забраната беше воведена на 1 март минатата година поради наглиот раст на големопродажните цени на горивото и ризикот од недостиг на домашниот пазар.
Првично, мерката требаше да важи шест месеци, но од крајот на мај до август ограничувањата беа привремено укинати, по што повторно беа воведени, пренесува „Комерсант“.
Според извори на весникот, руското Министерство за енергетика треба до средината на февруари да достави предлози до владата во Москва за можниот извоз на бензин, земајќи ги предвид и новите западни санкции.
САД на 10 јануари воведоа некои од најстрогите санкции против руската нафтена индустрија досега, таргетирајќи 183 танкери, десетици трговци, две големи нафтени компании и неколку високи функционери во рускиот енергетски сектор, пренесоа светските медиуми. ссм/
фото: архива