Русија тврди дека зазела село во источна Украина
- Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека московските сили го зазеле селото Клиновје во регионот Донецк во Украина.
Москва, 1 декември 2025 (МИА) - Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека московските сили го зазеле селото Клиновје во регионот Донецк во Украина.
Информациите не можат да бидат независно потврдени.
Во меѓувреме, три лица загинаа, а најмалку осум се ранети во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Днепар, изјави гувернерот на регионот Днепар, Владислав Гајваненко.
„Операцијата за спасување е во тек, според прелиминарните податоци, има штета на бензинска пумпа и компанија. Инспекцијата на областа продолжува и штетата се проценува“, додаде тој на апликацијата Телеграм. мс/сд/
фото: МИА архива