• петок, 05 декември 2025

Русија се заканува со тужби против Белгија и „ЈуроКлир“ ако ЕУ ги користи замрзнатите руски средства

Русија се заканува со тужби против Белгија и „ЈуроКлир“ ако ЕУ ги користи замрзнатите руски средства

Москва, 20 ноември 2025 (МИА) – Руската Државна дума денеска донесе одлука дека секое запленување на суверени руски средства од страна на Европската Унија мора да биде дочекано со правна постапка против Белгија и „ЈуроКлир“ (Euroclear), депозитарот со седиште во Белгија каде што се чуваат замрзнатите средства.

Во резолуцијата, адресирана до рускиот премиер Михаил Мишустин, Руската дума предложи и користење на средствата на нерезиденти од „непријателски држави“ за да се компензира потенцијалната штета за Русија од запленувањето на нејзините средства.

Европската комисија предложи план кој би им овозможил на владите на европските земји де факто да користат околу 185 милијарди евра (217 милијарди долари) од вкупно 210 милијарди евра замрзнати руски суверени средства во Европа, за да и се дадат таканаречени репарациски заеми на Украина, без де јуре да бидат конфискувани. ссм/сд/

фото: архива

Остани поврзан