РСБСП апелира на внимателно и одговорно возење во зимски услови
- Според прогнозите, во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење зимска опрема. - Пред поаѓање на пат неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови. Направете проверка на возилото, која вообичаено опфаќа: проверка на антифризот, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците, се наведува во соопштението.
Скопје, 9 јануари 2026 (МИА) - Според прогнозите, во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење зимска опрема.
- Пред поаѓање на пат неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови. Направете проверка на возилото, која вообичаено опфаќа: проверка на антифризот, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците, се наведува во соопштението.
РСБСП воедно апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја приспособат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата - со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
- Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото. Затоа РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата - секој живот е важен, се наведува во соопштението од РСБСП. вг/
Фото: РСБСП