• петок, 05 декември 2025

„Роуд клуб Пелистер“ - Битола со празнична тура во Националниот парк Пелистер

„Роуд клуб Пелистер“ - Битола со празнична тура во Националниот парк Пелистер

Битола, 9 ноември 2025 (МИА) - Битолскиот „ОФФ Роуд клуб Пелистер“ денеска приреди празнична тура низ Националниот парк Пелистер која почна од пред зградата на Општина Битола каде се одржа промоција на возниот парк.

Учесниците на познатата роуд-тура ги поздравија градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и претседателот на општинскиот Совет Бојан Бојскоски, кои се заблагодарија за нивниот придонес во празничната програма посветена на 4-ти Ноември, денот на ослободувањето на Битола.

Во текот на рутата учесниците со своите мотори и џипови минаа низ предизвикувачки и адреналински патеки почитувајќи ги правилата за заштита на Националниот парк „Пелистер“. мт/вг/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан