• сабота, 22 февруари 2025

Росоман ги чисти дивите депонии 

Росоман ги чисти дивите депонии 

Росоман, 7 февруари 2025 (МИА) - Општина Росоман започна со чистење на дивите депонии, информираа попладнево од росоманската локална самоуправа. 

- Известуваме дека активно започнавме со чистење на дивите депонии на територијата на општина Росоман. Претставниците на Јавното претпријатие за комунални дејности Росоман се на терен, акцијата ќе продолжи и во наредните денови, до целосно расчистување на депониите, соопштија од Општина Росоман. 

Оттаму апелираа до населението, за совесност. 

-Истовремено замолуваме доколку затекнете лица коишто покренуваат диви депонии а со тоа ја загадуваат животната средина, охрабруваме да ги пријавите во просториите на Општина Росоман. Сите заедно да дадеме придонес кон одржувањето на здрава и чиста животна средина, подвлекоа од локалната самоуправа. свд/

Фото : Општина Росоман

 

Остани поврзан