• сабота, 22 февруари 2025

Романо: Араухо и Барселона го продолжија договорот до 2031 година

Романо: Араухо и Барселона го продолжија договорот до 2031 година

Барселона, 23 јануари 2025 (МИА) - Барселона потпиша нов договор со дефанзивецот Роналд Араухо, објави новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, договорот на 25-годишниот играч со клубот сега е со важност до 2031 година.

Претходно медиумите објавија дека Уругваецот е блиску до преселба во Јувентус. Тој пропушти голем дел од тековната сезона поради повреда и одигра само три натпревари за Барселона.

Араухо игра за Каталонците од 2018 година. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 55 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан