• сабота, 22 февруари 2025

Рибакина ја прекина соработката со Иванишевиќ по елиминацијата од Австралија Опен

Рибакина ја прекина соработката со Иванишевиќ по елиминацијата од Австралија Опен

Мелбурн, 21 јануари 2025 (МИА) - Хрватскиот селектор Горан Иванишевиќ објави крај на соработката со казахстанската тенисерка Елена Рибакина.

Педесет и тригодишниот тениски стручњак му се приклучи на тимот на Рибакина во декември.

-По пробниот период кој заврши со Австралија опен, на Елена и на нејзиниот тим им посакувам многу среќа во иднина, напиша Иванишевиќ на социјалните мрежи.

Рибакина не успеа да се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен во 2025 година. Таа во четвртото коло загуби од Американката Медисон Кис (3:6, 6:1, 3:6). 

Во моментов 25-годишната тенисерка е на 7. место на ВТА ранг-листата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан