Реконструкција и проширување на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода за едносменска настава
- Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска изврши увид во тековните активности за реконструкција на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, кои треба да обезбедат учениците да следат настава во една смена. Покрај внатрешното реновирање, се извршува и партерно уредување на дворот, со поставување павер елементи за побезбедна и поуредна околина за учениците, информираат од локалната самоуправа.
Скопје, 17 ноември 2025 (МИА) - Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска изврши увид во тековните активности за реконструкција на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, кои треба да обезбедат учениците да следат настава во една смена. Покрај внатрешното реновирање, се извршува и партерно уредување на дворот, со поставување павер елементи за побезбедна и поуредна околина за учениците, информираат од локалната самоуправа.
-Ова училиште, кое има најголем капацитет за ученици, претставува значаен образовен центар за целата општина. Проектот е насочен кон унапредување на условите за учениците, што за мене, како градоначалник е еден од нашите најважни приоритети. Сакам да напоменам дека во тек е и интензивна работа на проектот за проширување на училишната зграда, со чија реализација сите ученици ќе можат да следат настава исклучиво во прва смена, изјави Стаменкоска-Трајкоска по завршениот увид.

Со тоа, додаде, значително ќе се унапреди квалитетот на наставниот процес, а на учениците ќе им се овозможи повеќе слободно време за одмор и воннаставни активности.
-Проширувањето опфаќа 130 квадратни метри на секој кат, односно вкупна површина од 390 квадратни метри. Покрај внатрешното реновирање, во процес е и партерно уредување на дворниот простор со поставување бекатон плочки, со цел да се обезбеди побезбедна, поуредна и функционална околина за учениците. Верувам дека овие инвестиции, како и оние што ќе следат во сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода, ќе помогнат во унапредување на квалитетот на образованието и развојот на нашите идни генерации, појасни Стаменкоска-Трајкоска.вј/
Фото: Општина Кисела Вода