• сабота, 22 февруари 2025

Реал Мадрид го победи Манчестер Сити, Јувентус и Борусија Дортмунд ги добија првите натпревари од плејофот во Лигата на шампионите

Реал Мадрид го победи Манчестер Сити, Јувентус и Борусија Дортмунд ги добија првите натпревари од плејофот во Лигата на шампионите

Манчестер, 11 февруари 2025 (МИА) - Спектакуларен натпревар одиграа Манчестер Сити и Реал Мадрид. 

„Граѓаните“ двапати водеа на „Етихад“, но европскиот првак дојде до пресврт во последните минути од натпреварот. 

Победи остварија и Јувентус и Борусија Дортмунд, како и Пари Сен Жермен во првиот дуел од 18 часот и 45 минути.

Резултати од првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионите:

Брест (Франција) - Пари Сен Жермен (Франција) - 0:3
Јувентус (Италија) - ПСВ Ајндховен (Холандија) - 2:1
Манчестер Сити (Англија) - Реал Мадрид (Шпанија) - 2:3
Спортинг Лисабон (Португалија) - Борусија Дортмунд (Германија) - 0:3

Во среда:

Бриж (Белгија) - Аталанта (Италија)
Монако (Франција) - Бенфика (Португалија)
Феенорд (Холандија) - Милан (Италија)
Селтик (Шкотска) - Баерн Минхен (Германија)

*Реваншите се следната недела, на 19 и 20 февруари. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан