• петок, 05 декември 2025

Распоредени 44 контејнери за селектирање пластика во ридско-планинските села во струшко

Распоредени 44 контејнери за селектирање пластика во ридско-планинските села во струшко

Струга, 25 ноември 2025 (МИА) - Општина Струга со поддшка на Бирото за регионален развој преку Програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби набави 44 контејнери за селектирање пластика за погранични и ридско-планински села.

- Целта на проектот „Набавка на контејнери за погранични и ридско-планински села во Општина Струга“, унапредување на системот за управување со отпад и поттикнување на еколошки навики во руралните средини, соопшти Општина Струга.

Вкупната вредност на проектот, според соопштението, изнесува 520.000 денари, од кои, 416.000 денари се обезбедени од Биро за регионален развој и 104.000 денари се кофинансирање од Општина Струга. 

Контејнерите, додаваат, се веќе распределени во пограничните и ридско-планинските села согласно утврдените потреби на терен. 

- Општина Струга продолжува со активности за подобрување на условите за живот, заштита на животната средина и развој на руралните подрачја, се наведува во соопштението. сс/вј/

Фото: Општина Струга

Остани поврзан