• сабота, 04 мај 2024

Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка

Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка

Струмица, 25 април 2024 (МИА) - Четириесет и пет годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април оваа година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село,соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштеното, случајот бил пријавен вчера во Полициската станица во Радовиш.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.рт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан