Работна средба на кочанскиот градоначалник Грозданов со министерот за здравство Алиу
- Градоначалникот на Општина Кочани, Влатко Грозданов денеска оствари работна средба со министерот за здравство, Азир Алиу, кој претходно присуствуваше на отворањето на Регионалниот центар за ментално здравје и психо - социјална подршка во Кочани.
Кочани, 21 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кочани, Влатко Грозданов денеска оствари работна средба со министерот за здравство, Азир Алиу, кој претходно присуствуваше на отворањето на Регионалниот центар за ментално здравје и психо - социјална подршка во Кочани.
На состанокот беше нагласена потребата градот да добие институционална поддршка за надминување на актуелните предизвици и одговарање на потребите на Општата болница со проширена дејност – Кочани, особено во делот на инфраструктурните зафати, како и во материјалната, техничката и кадровската екипираност, информираат од Општината.

Градоначалникот Грозданов побара поддршка во повеќе облици, истакнувајќи дека заздравувањето и подобрувањето на здравствениот систем во Кочани претставува процес со долгорочен карактер и од огромно значење за целата заедница, се наведува во соопштението. ис/дма/
Фото: Општина Кочани