Пукање на метро станицата во Брисел, неколку линии запрени
- Во близина на метро станицата Клемансо во Брисел беше регистрирано пукање што предфизвика и хаосна линиите на метрото и трамвајот во главниот град на Белгија.

Брисел, 5 февруари 2025 (МИА) - Во близина на метро станицата Клемансо во Брисел беше регистрирано пукање што предфизвика и хаосна линиите на метрото и трамвајот во главниот град на Белгија.
„Фотографиите од надзорните камери покажуваат дека осомничените побегнале кон метро станицата Клемансо“, изјави Сара Фредерик, портпаролка на јужната бриселска полиција.
Во престрелката нема жртви, но полицијата соопшти дека осомничените можеби се во тунелите на метрото, но линиите на метрото се затворени од безбедносни причини, јавија бриселските медиуми. зш/
фото ЕПА