• петок, 05 декември 2025

ПСЖ тргнува по играчот на Баерн

ПСЖ тргнува по играчот на Баерн

Париз, 12.ноември 2025 (МИА) – Европскиот шампион ПСЖ подготвува терен за купување на ново засилување. Дајот Упамекано сè уште го нема продолжено договорот со својот клуб Баерн Минхен. Договорот истекува летово и многу лесно може да се случи играчот да замине од клубот.

Доколку двете страни не постигнат договор, можно е да се случи Упамекано да биде мета и на некоја од екипите од Премиер лигата.

Во случај Упамекано да не постигне договор со Баерн и влезе во последните шест месеци од актуелниот договор играчот има право да преговара со други клубови. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан