Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
- Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени Целзиусови.

Скопје, 2 февруари 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени Целзиусови.
Во Скопјен претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 13 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре преку ден ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа ќе преовладува стабилно и постудено време со ниски утрински температури, кои од среда насекаде ќе бидат под нула. И во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. вј/бак/
Фото: МИА архива