• сабота, 22 февруари 2025

Променливо облачно време со повремен слаб локален дожд

Променливо облачно време со повремен слаб локален дожд

Скопје, 3 февруари 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во вторник ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи, кои поради продор на постудена воздушна маса ќе бидат претежно од снег. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во среда и четврток ќе преовладува стабилно време, а во петок и во деновите од викендот на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат во опаѓање. ац/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан