• петок, 02 јануари 2026

Промена на распоредот на натпреварите на ракометарите на Вардар во Лига Европа

Промена на распоредот на натпреварите на ракометарите на Вардар во Лига Европа

Виена, 12.декември 2025 (МИА) – Македонскиот ракометен претставник во ЕХФ Лига Европа Вардар има нов распоред на натпревари за следната фаза. „Црвено-црните“ се во група заедно со бундеслигашот Мелсунген, португалска Бенфика и Кристијанштад (со кого веќе одиграа два натпревара – победа и пораз).

Од причина што има четири екипи од Германија да нема поклопување на термините ЕХФ направи промена во распоредот. Вардар стартува со гостување кај Бенфика, потоа се двата натпревара на домашен терен со Мелсунген и Бенфика и на крајот е гостувањето кај Мелсунген.

Натпреварите ќе се играат од 17.февруари до 10.март, а терминот е ист 20:45 часот.

На табелата Мелсунген е прв со 4 бодови, Вардар и Кристијанштад имаат по 2, а Бенфика е без бод. мн/

Фото: Фејсбук РК Вардар 1961

Остани поврзан