Продолжува периодот на студени утра, сончево преку ден
- Синоптичарите најавуваат до среда да се задржи стабилно и суво време со студени утра, а потоа утринските температури да бидат во постепен пораст. Во среда во текот на ноќта и во четврток, се очекуваат повремени локални врнежи, претежно од снег.

Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) - Студено утро и денеска, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, исто така, се очекува наутро студено, преку денот сончево време, со мала до умерена облачност. Се очекува и слаб ветер од југоисточен правец. Се прогнозира минималната температура да се спушти до -5, а максималната да достигне 9 степени.
Синоптичарите најавуваат до среда да се задржи стабилно и суво време со студени утра, а потоа утринските температури да бидат во постепен пораст. Во среда во текот на ноќта и во четврток, се очекуваат повремени локални врнежи, претежно од снег. бд/хс/
Фото: МИА архива