Пробиштипската градинка „Гоце Делчев“ доби нова кујна
- По 50 години детската градинка „Гоце Делчев“ во Пробиштип доби целосно реконструирана кујна. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов изјави дека кујната има нови апарати и инвентар што значително ја подобрува ефикасноста во приготвувањето на храната, како за дечињата од детската градинка, така и за учениците во општинските училишта.

Пробиштип, 13 февруари 2025 (МИА) - По 50 години детската градинка „Гоце Делчев“ во Пробиштип доби целосно реконструирана кујна. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов изјави дека кујната има нови апарати и инвентар што значително ја подобрува ефикасноста во приготвувањето на храната, како за дечињата од детската градинка, така и за учениците во општинските училишта.
-Проектот го изготви и аплицираше Општина Пробиштип при што е обезбеден грант преку Светска Банка од 2,5 милиони денари и 500.000 денари од сопствениот буџет, изјави Анастасов.
Тој истакна дека општината изминативе години сериозно вложува во детската заштита и значително ги подобри условите за работа и престој во градинките, а во наредниот период следи изградба на градинка во населба Пробиштип во склоп на подрачното училиште „Ванчо Трајков“. вдј/дма/
Фото: МИА