• петок, 21 февруари 2025

Притвор од 30 дена за 34-годишник за силување на дете во Тетово

Притвор од 30 дена за 34-годишник за силување на дете во Тетово

Тетово, 7 февруари 2025 (МИА) - По предлог на Обвинителството 34 годишник од Тетово добил 30 дена притвор како осомничен за силување на дете. Осомничениот на 28.11.2024 година, во напуштен локал од градскиот трговски центар во Тетово, со употреба на сериозна закана со нож, насилно извршил полов однос со дете родено 2010 година, по што избегал.

-Детето исплашено од заканите на осомничениот кажало за настанот само на еден другар, се до 04.02.2025 година кога дознал братот на жртвата и веднаш пријавил во полиција, информираше Обвинителстото.

Во рамки на истражната постапка за 34-годишник е покренато основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. ас/са/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан