• понеделник, 15 декември 2025

Приведен кавадарчанец, обвинет за насилно земање пари, закани и физички напад

Приведен кавадарчанец, обвинет за насилно земање пари, закани и физички напад

Кавадарци, 13 декември 2025 (МИА) - Кавадарчанец бил приведен по пријава дека насилно одзел пари од сограѓанин, се заканувал и физички го нападнал, информира Секторот за внатрешни работи - Велес.

М.Ј. бил приведен во полициска станица, а известен е и јавен обвинител.

-Вчера попладне на улица „Илинденска“ во градот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци, го лишиле од слобода М.Ј., на возраст од 43 години, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13 часот, на улица „Благој Крстиќ“ во градот, на Н.Ј., 31-годишно лице, насилно му одзел пари, му упатувал закани и физички го нападнал, наведуваат од СВР - Велес.

По документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/мч/

фото: МИА

Остани поврзан