• понеделник, 19 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претседателот на Управниот одбор на Светскиот економски форум Клаус Шваб поднесе оставка

Претседателот на Управниот одбор на Светскиот економски форум Клаус Шваб поднесе оставка

Женева, 21 април 2025 (МИА) – Претседателот на Бордот на директори на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Клаус Шваб, поднесе оставка од функцијата, соопшти СЕФ.

- По мојата неодамнешна објава, и со оглед на тоа што навлегувам во мојата 88-ма година, решив да се повлечам од позицијата претседател и член на Одборот на доверители, рече Шваб во соопштение додавајќи дека одлуката стапува во сила веднаш.

Економистот со германско потекло не даде други детали за напуштање на СЕФ.

Одборот на институцијата со седиште во Женева го назначи Питер Брабек-Летмат за привремен претседател.

Одборот на директори му оддаде признание на Шваб за неговите достигнувања, наведувајќи дека тој „создаде водечка глобална платформа за дијалог и напредок“. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан