Стотици демонстранти протестираа против Хамас во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа
- „Тајмс од Израел“ објави дека демонстрантите скандираа „Стоп на војната и раселувањето“ и „Хамас надвор“.
Газа, 19 мај 2025 (МИА) - Медиумите во Газа објавија снимки на кои се гледаат стотици демонстранти во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа, како протестираат против Хамас и повикуваат на прекин на војната.
„Тајмс од Израел“ објави дека демонстрантите скандираа „Стоп на војната и раселувањето“ и „Хамас надвор“.
Ова е прв протест против Хамас во Кан Јунис по неколку недели. Во последните недели слични спорадични демонстрации се одржаа и во северните делови на Појасот Газа.
Претходно денеска Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа општа наредба за евакуација за целиот Кан Јунис, наведувајќи дека целата област сега е „борбена зона“.сд/
фото:МИА архива