• петок, 05 декември 2025

Претседателот на ПС на Советот на Европа Русопулос ќе се обрати пред пратениците

Претседателот на ПС на Советот на Европа Русопулос ќе се обрати пред пратениците

Скопје, 3 ноември 2025 (МИА) - Собранието денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по вчерашниот втор круг од локалните избори. Пред пратениците ќе се обрати претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос.  

Како што се најавува во календарот за активности на закододавниот дом, Русопулос ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој ќе се сретне и со Марија Петрушевска, шефица на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПССЕ и членовите.

На седницата се очекува да биде констатирано дека тројца членови на овој парламентарен состав на првиот круг од локалните избори се избрани за градоначалници и тоа Елизабета Стаменковска-Трајковска во Кисела Вода, Јане Мицевски во Сопиште и Дејан Продановски во Прилеп. На местата на Стаменковска-Трајковска и Мицевски пратеници треба да бидат следните на листата во Изборната единица 1, додека на местото на Продановски од Изборната единица 4. 

Во текот на следните денови во собраниска процедура се очекува да влезе и Буџетот за 2026 година.   

Активностите на Собранието беа запрени поради Локалните избори 2025. фф/лв/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан