• петок, 21 февруари 2025

Претседателката Сиљановска-Давкова прими претставници на балетското училиште „Булфрогс Балет“

Претседателката Сиљановска-Давкова прими претставници на балетското училиште „Булфрогс Балет“

Скопје, 12 февруари 2025 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова остварила средба со претставници на „Булфрогс Балет“ на која била информирана за работата и активностите на првото интернационално приватно училиште за класичен балет во земјава за деца и млади од 4 до 18 години.

Александра Никифоровски, уметничката директорка и основачка на училиштето ја запознала претседателката со повеќекратното учество и постигнатите успеси на балерините на реномирани балетски натпревари, како и со пласманот во финалето на Младинското американско Гран при, што ќе се одржи од 22 до 27 април годинава во Тампа, Флорида, каде треба да отпатуваат 18 млади балерини и да настапат со „Сонот на летната ноќ“.

- Претставниците на „Булфрогс Балет“ ја истакнаа важноста на учеството во финалето на Младинското американско Гран-при и побараа поддршка во остварувањето на шансата нивните мечти да станат јаве, потенцирајќи дека се работи за уникатна шанса за прв пат, претставници на македонската балетска сцена да настапат на најголемиот балетски натпревар во светот и еден од трите најреномирани балетски натпревари глобално, соопштија денеска од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Претседателката Сиљановска-Давкова ја поздравила нивната ретка посветеност, наградена со успех, изрази восхит и поддршка на талентираните балерини, како и очекување дека ќе се надминат предизвиците и ќе се овозможи нивното учество на престижниот балетски натпревар. цр/ац/

Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Остани поврзан