Претприемачки базар во Кавадарци
- Претприемачки базар се реализира денеска во Кавадарци на кој претприемачи од регионот ги промовираат сопствените преработки на грозје, мед и многу други производи, на штандови поставени во дворот на Вински музеј, во градскиот парк, еден од најубавите паркови во државата.
Кавадарци, 18 ноември 2025 (МИА) - Претприемачки базар се реализира денеска во Кавадарци на кој претприемачи од регионот ги промовираат сопствените преработки на грозје, мед и многу други производи, на штандови поставени во дворот на Вински музеј, во градскиот парк, еден од најубавите паркови во државата.
Даниела Димовска, директорка на ИНОВА, потсети дека од вчера започна глобалната недела на претприемништвото, а Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво, ИНОВА, ја одбележува со низа активности на различни локации на територијата на државата.
-Имаме за цел Македонија да ја направиме регионален центар за иновации, нагласи Димовска.
Сашо Мошев, претседател на Центар за развој на Вардарски плански регион, рече дека претприемачкиот базар ќе се реализира и во текот на утрешниот ден.
-Настанот има за цел поддршка и промоција на локалното претприемништво, истакна Мошев.
Градоначалникот на Општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски рече дека настанот претставува одлична можност за размена на идеи, поддршка на иновативните решенија и јакнење на претприемачкиот дух во нашата држава.
-Горди сме на секој поединец кој создава, гради и ги движи промените напред. Поддршка за иновациите, знаењето и претприемништвото – тоа е патот кон посилна и конкурентна економија, истакна Крстевски.
Наталија Димитриева, градоначалничка на Општина Демир Капија, рече дека ваквите настани се добри за продлабочување на меѓусебната соработка. свд/вј/
Фото: МИА