• петок, 12 декември 2025

Премиерата на новиот анимиран филм од серијалот „Светот на Биби“

Премиерата на новиот анимиран филм од серијалот „Светот на Биби“

Скопје, 12 декември 2025 (МИА) – Премиера на новиот анимиран филм од серијалот „Светот на Биби“ ќе се одржи денеска од 12 часот во киното Синеплекс. 

Публиката ќе има можност да ужива во 11-минутна приказна што ги спојува забавата, учењето и детската фантазија. Авторите на серијата ќе го споделат патот на создавање на анимираниот филм, од првите скици и идеи до финалната анимација, откривајќи како нивната визија прераснала во содржина со светски квалитет.

Проектот е развиен од InnovaRights & Licensing – партнерска компанија основана од DexyCo и „Светот на Биби“, специјализирана за создавање и интернационализација на детски брендови.ар/хс/

Фото:Идеа Лаб

Остани поврзан