Премиера на претставата „Мајка“ вечер во велешкиот театар
- Претставата „Мајка“ вечер од 20 часот премиерно ќе се изведе во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“.

Велес, 8 февруари 2025 (МИА) - Претставата „Мајка“ вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“.
Режисер е Јордан Витанов, а драматург - Сашо Димоски. Со оваа претстава, актерката Зорица П. Панчиќ одбележува јубилеј - 30 години на театарската сцена. Покрај неа, во претставата настапуваат и актерите Васил Зафирчев, Сандра Танчева и Кире Ацевски. Сценографијата е на Јордан Витанов, костимографијата на Раде Василев, а избор на музиката на Сашко Костов.
Претставата е работена по текст на Флоријан Зелер, современ француски романсиер, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер. aд/бд/
Фото: велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“