• вторник, 30 декември 2025

Премиер лига: Мејбри суспендиран четири натпревари поради плукање

Премиер лига: Мејбри суспендиран четири натпревари поради плукање

 

Лондон, 6 декември 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барнли, Ханибал Мејбри, (22), е суспендиран четири натпревари откако плукна кон навивачите на Лидс за време на натпревар од Премиер лигата во октомври, соопшти англиската Фудбалска асоцијација (ФА).

Тунискиот интернационалец беше обвинет дека плукнал во правец кон навивачите на Лидс во 67 минута од победата на Барнли од 2-0. Мејбри подоцна го призна своето недолично однесување.

„Ханибал Мејбри го призна обвинението и доби суспензија од четири натпревари“, се наведува во соопштението на ФА.

Дополнително, Мејбри е казнет и парично во износ од 15.000 фунти.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан