• сабота, 22 февруари 2025

Преку „Систем 48“ лани решени 1.119 проблеми на граѓаните на Струмица

Преку „Систем 48“ лани решени 1.119 проблеми на граѓаните на Струмица

Струмица, 23 јануари 2025 (МИА) - Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ лани биле решени 1.119 проблеми од вкупно пријавените 1.191 од страна на граѓаните.

Според информацијата од овој сервис, за останатите 72 е потребно повеќе време од 48 часови и истите биле проследени до надлежните служби.

Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ биле од областа на уличното осветлување-853, од областа на собирање смет -149, водовод и канализација -99,паркови и зеленило -65 , улици,патишта и тротоари -25.

Во информацијата се додава дека целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди Општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.

Од „Систем 48“ им благодарат на граѓаните за користењето на нивните услуги и истовремено апелираат да продолжат и понатаму да го користат бесплатниот телефонски број 080014848 за пријавување на проблемите со коишто се соочуваат, а кои се во надлежност на Општината,јавните претпријатија и институции.

Инаку, во 2023 година биле пријавени 814 проблеми од граѓаните, а биле решени 750. рт/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан