Превезени патници и стоки во четвртото тримесечје од 2024 година
- Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2024 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 108 илјади, во градско-приградскиот превоз 9 881 илјада, во железничкиот превоз 67 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 738 769.

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) - Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2024 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 108 илјади, во градско-приградскиот превоз 9 881 илјада, во железничкиот превоз 67 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 738 769.
Во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2023 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 8.7 %, во железничкиот превоз е зголемено за 73.5 %, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 2.7 %.са/
Фото: МИА