Први резултати од изборите во Букурешт: Чипријан Чуку води во трката за градоначалник
- Кандидатот на Национално-либералната партија (НЛП) и актуелен градоначалник на Шестиот сектор, Чипријан Чуку, води во трката за градоначалник на Букурешт, според првите резултати од излезните анкети на социолошките агенции, јавуваат локалните медиуми.
Букурешт, 7 декември 2025 (МИА) - Кандидатот на Национално-либералната партија (НЛП) и актуелен градоначалник на Шестиот сектор, Чипријан Чуку, води во трката за градоначалник на Букурешт, според првите резултати од излезните анкети на социолошките агенции, јавуваат локалните медиуми.
Според податоците на агенцијата КУРС-Авангард, цитирани од Диџи24, Чуку добива 32,7 отсто од гласовите.
На второ место е кандидатот на Социјалдемократската партија (СДП) и актуелен градоначалник на Четвртиот сектор, Даниел Балуца, со 26,3 отсто, по што следи независната кандидатка Анка Александреску со 20,2 отсто, а потоа и кандидатот на Сојузот за спас на Романија, Каталин Друла.
- Единство во владејачката коалиција. Ќе имаме многу работа за општината. Сакам од Букурешт да направам проект на мојот живот, беа првите зборови на Чипријан Чуку по затворањето на избирачките места. До него во седиштето на Национално-либералната партија беше и романскиот премиер Илие Боложан. ссм/
фото: ЕПА