Пратеникот на Трамп за Украина Кит Келог пристигна во Киев
- Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина пристигна денеска во Киев пред планираниот состанок со официјални претставници и претседателот Володимир Зеленски, објавија украинските медиуми.

Киев, 19 февруари 2025 (МИА) - Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина пристигна денеска во Киев пред планираниот состанок со официјални претставници и претседателот Володимир Зеленски, објавија украинските медиуми.
На снимката објавена од украински медиуми се гледа како Кит Келог пристигнува во украинскиот главен град Киев со воз и го пречекува американската амбасадорка во Украина Бриџит Бринк. зш/
фото ЕПА