• петок, 21 февруари 2025

Почнува реконструкцијата на улица „Црногорска 2“ во Ѓорче Петров

Почнува реконструкцијата на улица „Црногорска 2“ во  Ѓорче Петров

Скопје, 12 февруари 2025

Општина Ѓорче Петров денес официјално започна со реконструкцијата на улица Црногорска 2, како дел од долгогодишното барање на жителите на Дексион за подобрување на инфраструктурата во овој дел на општината. По децении на проблеми со старите и оштетени патишта, жителите на Дексион конечно ќе добијат нов изглед на улиците, што ќе обезбеди подобри услови за живеење.

„Со оваа реконструкција започнуваме серија инфраструктурни проекти кои ќе ги подобрат условите за живот во целата општина. Реконструкцијата на улица Црногорска 2 е само првиот чекор во решавањето на деценискиот проблем на жителите од оваа област,“ изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Како што беше најавено, проектот продолжува со реконструкција на вкупно 5000 м² од улиците, а во оваа фаза реконструкцијата ќе продолжи на следните улици:

· ул. Андреа Зограф

· ул. Љубин

· ул. Александар Македонски

Со овие реконструкции, Општина Ѓорче Петров не само што го решава долгогодишниот проблем со патиштата, туку и вложува во подобра и пофункционална инфраструктура, што ќе доведе до значајни подобрувања во животот на сите жители.

„Градежната офанзива во Општина Ѓорче Петров продолжува. Ова е само почеток, и инвестициите ќе продолжат и во иднина,“ додава градоначалникот.

Ова е дел од пошироката стратегија за подобрување на инфраструктурата и животните услови во целата општина, со цел создавање на подобри услови за сите нејзини жители.

 

Општина Ѓорче Петров 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан