Почнува одбележувањето на Денот на ослободувањето на Гевгелија
- Со поетско-музичка вечер „Пееме за Гевгелија“ вечер почнува седмоноемвриското чествување на празникот на Гевгелија -7 Ноември, Денот на ослободувањето, информираа од локалната самоуправа.
Гевгелија, 4 ноември 2025 (МИА) - Со поетско-музичка вечер „Пееме за Гевгелија“ вечер почнува седмоноемвриското чествување на празникот на Гевгелија -7 Ноември, Денот на ослободувањето, информираа од локалната самоуправа.
Во информацијата се наведува дека настанот е дел од програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, а е во организација на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.
-Присутните ќе имаат можност да уживаат во мултимедијален настан-спој на поезија, музика и игра, кој ќе ги опфати и народното и современото творештво посветено на градот. Преку изборот на композиции и рецитации ќе се претстави богатството на македонската уметничка традиција. Ќе учествуваат ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, членови на Драмската група „Дон Кихот“ и музички таленти, а програмата ќе биде збогатена и со претставување на Ансамблот „Бојмија“- Гевгелија. Преку своите интерпретации, сите ученици ќе ја изразат љубовта и гордоста кон родниот крај, стои во информацијата.
Се додава дека настанот има за цел преку уметнички израз да ја истакне улогата на младите во градењето на културниот идентитет на Гевгелија како град на културата.
Поетско-музичката вечер „Пееме за Гевгелија“ е првиот во низата културни и свечени настани што оваа година ќе се одржат по повод чествувањето на 7 Ноември. рт/сст/
Фото: Општина Гевгелија